Жител на Ваксинце заработи кривична за обид за убиство

Сподели со своите пријатели

СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.Д. (36) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

На 06.08.2016 година околу 02.15 часот пријавениот во ресторан во с. Ваксинце, по претходна вербална расправија со Н.А. (31) од Куманово, физички го нападнал по што истиот успеал да се оттргне. Откако излегле надвор пријавениот од огнено оружје испукал еден куршум во правец кон Н.А., кој не го погодил.

Од преземени мерки било утврдено дека пријавениот е во бегсто, а по него е распишан централен распис за лице.