Жител на Стрезовце повреден откако се преврте товарно возило на градилиште

Сподели со своите пријатели

Четириесет и деветгодишен жител на селото Стрезовце, општина Старо Нагоричане, се здобил со повреди откако се превртело возило на градилиштето на кое работел.

– На 10.10.2025 во 17:40 часот во Полициската станица Гевгелија е пријавено дека на градилиште во село Миравци, гевгелиско, товарно возило „нисан“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.Д.(26) од Куманово, се превртело на трасата од градилиштето, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Притоа, како што додаваат од полицијата, со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Г.А.(49) од село Стрезовце, општина Старо Нагоричане.

– Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а увид на местото изврши екипа на ОВР Гевгелија, стои во соопштението.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  На Спомен Костурница одбележан Денот на македонското востание (ФОТО)

Никола Ивановски