Вчера во 14.00 часот на Граничниот премин Табановце со патничко возило „Мерцедес“ со српска национална ознака допатувал А.Ф. (23) од Бујановац, Република Србија. При дополнителната контрола на возилото било констатирано дека VIN бројот на возилото отстапува во оригиналниот, односно немало типска налепница.
Како што информираат од полицијата, со потврда за привремено одземени предмети, возилото било одземено.
Лицето и возилото се предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.