Вчера околу 09.10 часот на Граничниот премин – Аеродром „Александар Велики“-Скопје, при пасошка контрол, било констатирано дека лицето Б.Р. (43) од селото Лојане, општина Липково, евидира со мерка „Апси“, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Истиот е лишен од слобода и во 11.55 часот, со Потврда за предавање на лица, лицето е предадено на полициски службеници за спровод до Затвор Куманово.