Жител на Република Србија приведен на ГП Табановце
On:
Сподели со своите пријатели
СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.Н.(69), државјанин на Република Србија за сторено кривично дело “фалсификување исправа”, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Пријавениот во неутврден временски период од непознато лице набавил патничко моторно возило “Голф” и го избришал бројот на шасијата, а на истото место втиснал нов број на шасија, со што извршил промена на идентитетот на возилото.
За возилото пријавениот поседувал сообраќајна дозвола на име на Љ.С. од Република Србија, а истото го управувал во јавниот сообраќај со Дозвола за управување на туѓо моторно возило надвор од државата се до 01.07.2017 година кога од страна на полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин „Табановце“ со потврда за привремено одземени предмети возилото било одземено од пријавениот.