Жител на Опае физички нападнал полициски службеник

Сподели со своите пријатели

Вчера во 15,10 часот во просториите на ПО – Матејче, дошол Е.С. (1972) од селото Опае – Куманово со цел да праша за поднесена пријава против него во 2015 година.

Истиот бил примен од водичот на смена кој му кажал да поднесе барање преку архива, на што Е.С. физички го нападнал и му искинал дел од униформата, информираат од Министерството за внатрешни работи.