Жител на Матејче почина во пожар

Сподели со своите пријатели

Жител на село Матејче починал вчера откако се задушил од чад по пожар кој избувнал во неговата куќа која целосно изгоре, соопштија денеска МВР.

Вчера околу 19:45 часот на телефонскиот број 195 во РЦУК било пријавено дека има запалена куќа во селото, при што веднаш биле известени припадниците на Територијалната противпожарна единица од Куманово која во истиот момент се  упатила на самото место.

Куќата била во сопственост на Ш.М. (1941) и истата целосно изгорела во пожарот кој избувнал од засега непознати причини. Шест пожарникари со две возила во период од 19:45 до 21:45 безуспешно се бореле со огнот.

Телото на починатиот било пронајдено во бањата. Лекар од медицинска помош констатирал смрт предизвикана од вдишување чад. СВР Куманово извршила увид. Материјалната штета допрва ќе се утврдува.

На самото место на настанот биле излезени екипи од СВР Куманово, Крим техника и Јавен обвинител од ОЈО Куманово, по што најверојатно ќе се знае причината за избувнување на огнените јазици.

фото:архива