Вчера во 17.00 часот во ЕИК-Скопје од Клинички центар-Клиника за гастрологија, било пријавено дека истиот ден во 15.27 часот на клиниката починал Б.И. (29) од село Лојане, кумановско, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Истиот издржувал казна затвор во КПУ-Идризово и боледувал од цироза, а на 24.10.2016 година бил донесен во клиниката поради влошена здравствена состојба. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.