Жител на липковско приведен со прашкаста и растителна материја

Сподели со своите пријатели

Триесет и едногодишен жител на липковско Лојане бил приведен откако полицијата кај него пронашла растителна и прашкаста материја.

Loading...

– На 13.07.2025 во 23.10 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.И.(31) од село Лојане, липковско, затоа што кај него биле пронајдени прашкаста и растителна материја, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Малолетник и тинејџер од Куманово повредени во сообраќајка кон Велес