Жител на Липково натепал вработен во кумановската пајак служба

Сподели со своите пријатели

Четириесет и седумгодишник од липковско Опае бил приведен под сомнение дека физички нападнал вработен во ЈП „Куманово паркинг“.

Loading...

– На 02.01.2025 година во 10.20 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода У.Ф.(47) од село Опае, Општина Липково, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од кумановската полиција, тој се сомничи дека истиот ден, по претходна вербална расправија физички нападнал вработен во ЈП „Куманово паркинг“, додека бил на работното место во депо на „Пајак“.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ФК Куманово 2012 и ФК Куманово Еуроспорт на силен меѓународен турнир во Малта

Никола Ивановски