Жител на Кичево баран за затворска казна приведен на Табановце

Сподели со своите пријатели

Вчера во 13.50 часот на Граничен премин „Табановце“, при пасошка контрола, било констатирано дека лицето И.Ј. (40) од Кичево евидира на СТОП Листа за издржување казна затвор во траење од пет месеци за сторено продолжено кривично дело „неплаќање издршка“, информираат од Министерството за внатреши работи.

Во 15.00 часот лицето е предадено на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.