Четирисетгодишен жител на Италија, вчера бил приведен на Граничниот премин Табановце, откако за него била распишана потерница од страна на Интерпол.
Loading...
– На 14.08.2020 во 21.40 часот на Граничен премин „Табановце“ од слобода бил лишен М.М.(40) од Италија, а со живеалиште во Република Србија, затоа што при проверка било утврдено дека се наоѓа на листата со мерка „лиши од слобода“, по барање на Интерпол, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.
Никола Ивановски