Жител на Горно Којнаре тешко повреден откако со трактор излетал од патот

Сподели со своите пријатели

Педесет и шестгодишен кумановец бил тешко повреден откако со трактор излетал од патот кон село Сопот.

Loading...

– На 11.07.2025 околу 13.30 часот во СВР Куманово е пријавено дека на локалниот пат с.Сопот-каменолом Сопот, трактор „имт“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од С.Т.(56) од с.Горно Којнаре, кумановско, излетал надвор од коловозот, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општата болница во Куманово.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Куманово.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пожари денеска на две локации во Куманово и Липково