Жител на Черкезе нападнал вработени во ЕВН

Сподели со своите пријатели

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ф.Љ. (55) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

На 18.08.2016 година во 15.00 часот во с. Черкези, откако пријавениот забележал дека работници од ЕВН Македонија работат на улицата пред неговата куќа разговарал со нив кажувајќи им дека не може да приклучат струјомери од други куќи без притоа тој да биде приклучен. По ова од страна на вработените од ЕВН било посочено дека треба да поднесе барање за нов приклучок за да биде приклучен.

После тоа пријавениот им се обратил со вулгарни зборови и физички ги нападнал, а потоа и со метален предмет удрил еден од вработените во пределот на рамото.