Вчера во 14.35 часот на Граничниот премин „Табановце“, при пасошка контрола било констатирано дека лицето Г.И. (42) од село Новаќе-општина Боговиње, евидира на СТОП-Листа поради издржување казна затвор во траење од три месеци и 10 дена за сторено кривично дело „кражба“ по член 235 став 3 од Кривичниот Законик на Република Македонија, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Истиот бил лишен од слобода и во 16.30 часот бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.
Loading...