Жиру е најстариот автор на покер во историјата на Лигата на шампионите

Сподели со своите пријатели

Фудбалерот на Челзи, Оливие Жиру постигна четири  гола на натпреварот од групната фаза во Лигата на шампионите против Севилја. Тој е првиот автор на покер за „сините“ од Лондон во последните 10 години. Воедно, Французинот со 34 години и 63 дена, стана најстариот творец на покер во историјата на елитното фудбалско натпреварување.

Loading...

Челзи ја совлада Севиља со 4:0 и го обезбеди првото место во Е-групата.

Претходниот за Челзи четири гола има дадено сегашниот тренер Френк Лампард, во март 2010 година против Астон Вила.

Зоран Стерјовски

Leave a Reply