Жесток напад врз Запорожје, силни експлозии, најмалку три жртви

Сподели со своите пријатели

Рускиот напад рано утрово врз градот Запорожје на југоистокот на Украина доведе до смрт на три лица, како и до ранување на двајца цивили, објавија денес локалните власти.

Според шефот на Запорожје Иван Федоров, утрото започнало со експлозии и пожари.

Федоров рекол дека руските сили употребиле најмалку десет воздушни бомби во нападот врз тој град со околу 700.000 жители, пренесува Ројтерс.

Оштетени се 15 станбени згради и десет приватни куќи, како и други згради во близина.

Украинските воздухопловни сили соопштија дека собориле 132 беспилотни летала лансирани од Русија преку ноќ, додека девет беспилотни летала погодиле цели на седум локации.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Путин има таен план. Оваа европска земја е на удар од руската дестабилизација

Според украинските власти, две лица се повредени во руските напади врз североисточниот Сумски регион, а едно е повредено во Киевскиот регион, каде што се оштетени и станбени згради и приватни куќи.