За прв пат во Куманово ќе биде организиран турнир во фудбал на кој ќе учествуваат припадничките на понежниот пол.
Турнирот под името „РЕЧИЦА 1921-2021“ ќе се одржи на 31ви јули и 1ви август на теренот во селото Речица, а се организира по повод 100-годишниот јубилеј на селото.
На турнирот ќе учествуваат клубовите Речица од Куманово, Каменица Саса од Македонска Каменица, Тиверија од Струмица и Машинац од Ниш, Република Србија.
Организатори на турнирот се Женскиот фудбалски клуб Речица и Општинскиот сојуз на спортови Куманово.
На 31ви јули, сабота, првиот натпревар ќе се одигра во 16 часот, а вториот два часа подоцна.
Во недела со почеток во 16 часот ќе се игра натпреварот за третото место, а веќе во 18:00 часот и финалето, по што ќе следи прогласување на победникот и доделување на признанијата за најдобрите.
Никола Ивановски