Женската ракометна репрезентација на Македонија ќе ја пречека Белгија во Куманово

Сподели со своите пријатели

Женската сениорска репрезентација на Македонија во Куманово ќе ги одмери силите со Белгија на 7ми март од 17 часот.

Станува збор за еден од најважните натпревари во квалификациите за пласман на Европското првенство.

Влезниците се веќе пуштени во продажба по симболична цена од 100 денари. Може да ги набавите online на MKTickets или на сите продажни места на МК Тикетс низ државата.

– Да создадеме домашна атмосфера и заедно да ја бодриме Македонија, повикуваат од ракометната федерација.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во тек е исплата на образовниот додаток за втор мерен период за учебната година 2025/2026 година