Жените полудеа по згодниот криминалец: Полицијата објави фотографија па остана шокирана!

Сподели со своите пријатели

Британската полиција во четвртокот објави фотографија од маж осуден за кражба и грабеж.

Loading...

Џонатан Кејхил (37) бил осуден за тие злосторства, но потоа избегал со што ја прекршил условната казна.

Полицајците од Западен Јоркшир објавија негова фотографија во апел до јавноста да пријави дали некаде го препознал, но коментарите се вжештија од сосема погрешна причина!

„Може ли да го задржам ако го најдам?“, прашала една жена и почнала лавината коментари.

„Дали тој крши срца или влезната врата?“, праша друга.

Третиот победи! „Ако го најдам, не грижете се, ќе го врзам со лисици… До мојот кревет“!

Вкупно, објавата со сликата на згодниот провалник добила повеќе од 8.000 коментари, па полицијата ја избришала.

Џонатан сѐ уште е во бегство, а извор од полицијата за локалните медиуми изјавил дека овој провалник попрво ќе го пронајдат жените, а не полицијата.

Loading...