Жените во руралните средини говорат за предизвиците со кои што се соочуваат секоjдневно во услови на Корона криза. Видео пораките кои што ни ги испраќаат се моќни, jасни и треба да допрат до секоj од нас. Треба сите да слушнеме и да видиме што тие ни порачуваат, но и што е потребно за полесно да се справат и да ги надминат последиците од вирусот Ковид 19, а коj што особено се одрази на продлабочување на родовиот jаз особено во руралните средини.
Да jа прошириме оваа видео приказна и да ги направиме ВИДЛИВИ проблемите, но и можните решениjа за економска и социjална инклузиjа на жените од руралните средини.
Видео приказната е изработена во рамките на проекот “Ковид 19 и гласот на жената од руралната средина“, спроведуван од Рурална Коалициjа, а финансиски поддржан во рамките на програмата на Цивика Мобилитас.