Велат дека зад секој успешен маж стои успешна жена, но кој стои зад најголемите светски диктатори?
И во добри и во лоши времиња, тие останаа покрај своите сопрузи, и покрај обвинувањата за репресија и убиствата. Тие се занимаваат со хуманитарна дејност и се залагаат за правата на жените и децата,а некои од нив се и вистински модни икони.
Ана Паула дос Сантос, сопруга на претседателот на Ангола, Хосе Едуард дос Сантос
Ана е поранешна манекенка и го запознала својот сегашен сопруг додека работела како стјуардеса. Таа тогаш дипломирала на Правниот и учителски факултет и е член на Меѓународниот управен комитет. Еден дипломат во една прилика првата дама и претседателот ги опишал како елегантен пар кој скапоцено се облекува и гледа на светот како да живеат во Јужна Калифорнија.
Ана доживеа осуда од јавноста кога објави дека нејзиниот син ќе оди во португалско училиште во Луанда, затоа што државните училишта биле со „лош квалитет“. Многумина за таква ситуација во образованието го обвинуваат нејзиниот сопруг.
Инаку во текот на 36 години од неговото владеење, Хосе Едуардо дос Сантос ја држи целата моќ во своите раце. Него го следеле гласини за бројни злодела, тортури и масовни убиства кои се случиле во текот на втората граѓанска војна која траела 27 години. И натаму постојат пријави за тортуара и репресија врз етничките малциснства во Ангола.
Сабика бинт Ибрахим Ал Калифа, сопруга на кралот на Бахреин, Хамад бин Исе ал Калифа
Сабика е првата жена на кралот Хамад, а освен што е грижлива мајка на четири деца (од кои еден крунисан принц), таа е и активист за правата на жените и децата во Бахреин, но и во светот. Поради своите залагања заседавала и во Обединетите Нации. Таа била на чело на Врховниот совет за жени во Бахреин и ги потикнувала жените да гласаат во својата земја.
Династијата Ал Калифа во Бахреин владее од 1783 година, а Хамад за крал е прогласен во 2002 година, додека пред тоа ја има титулата Емир. По протестите против неговата власт во 2011 година, Amnesty International ја осуди власта во Бахреин на пропаст поради репресијата која е вклучена во забраната на јавни собири, одземање на државјанства на оние кои зборувале против власта и мучењето на како возрасни, така и деца.
Шантај Бија (Chantal Biya), сопруга на претседателот на Камерун, Пол Бија (Paul Biya)
Шантај е позната како трендсетерка и дури има и Тамблер профил посветен на нејзините фризури. Првата дама на Камерун е доста дружељубива личност и друи ги запознала Мишел Обама, Парис Хилтон и Папата Фрањо. „Диор“ и „Шанел“ и се омилените европски дизајери, а поголемиот дел од нејзината гардероба е уникатна.
Таа е 38 години помлада од својот сопруг и чен е на клубот „Афричка синергија“ кој се занимава со пронаоѓање на лекот за ХИВ и сида во Камерун, Брегот на Слоновата Коска и Буркина Фасо.
Нејзиниот сопруг е на власт повеќе од 30 години и од 2008 година самиот ја укинува должината на мандатот за да може да владее додека е жив. Неговото државно обезбедување е обвинето за убивање на оние кои се бунтуваат против власта, а користеле и различни насилни методи и мачење. Наводно, Бијан има плата која е 229 пати поголема од просечната плата во неговата земја.
Хинда Деби (Hinda Déby), сопруга на претседателот на Чад, Идрис Деби Итно (Idriss Déby Itno)
Хинда може да се смета за прва, четвртта или пак тринаесетта дама на Чад, затоа што нејзиниот сопруг се женел премногу пати. Сепак, Хинда е сакана меѓу својот народ, посебно поради својата убавина и најпозната е од сите претседателски жени. Модерна и образована Деби е стенограф и советник на својот сопруг.
Деби Итно на власт е од 1990 година, кога доаѓа по воениот удар кој го исфрли неговиот претходник. Од тогаш никој не успеал да го замени на избори, а игра голема улога во крвавиот рат измеѓу Чар и Судан во текот на 2000 година.
Констансија Манге (Constancia Mangue) сопруга на претседателот на Екваторијана Нова Гвинеја, Теодор Обијанг Нгуем Мбасонг (Teodora Obijanga Ngueme Mbasonga)
Константија е првата дама на Екваторијана Нова Гвинеја и има добиено бројни награди за своите залагања за правата на жените и децата низ невладината организација која ја има основано. Таа е мајка на најстариот син на претседателот кој го носи неговото име и кој е именуван за негов наследник.
Претседаелот Мбасого на власт доаѓа по државниот удар, а претходно бил на чело на државната војска под режимот на преtходниот диктатор. Тој е оpтужен за канибализам, т.е. дека јаде делови од тела на своите противници за да добие моќ. По преку 35 години на власт, тој е афрички лидер кој најдолго владее, иако се зборува дека наскоро ќе умре затоа што има рак на простата. Сепак, тој тврди дека неговото здравје е совршено и дека редовно спортува.
Сара Назарбаева (Sara Nazarbayeva), сопруга на претседателот на Казахстан, Нурсултан Назарбајев (Nursultan Nazarbayev)
Сара која по професија е економски инжинер е основач на меѓународната хуманитарна организација за деца Бобек, поради која ја има добиено и наградата на Светската здравствена организација во 1997 година. Без оглед на тоа што се работи за деца, таа не се сложува дека луѓето од другите земји треба да посвојуваат деца од Казахстан.
Нејзиниот сопруг Нурсултан е првиот и актуелен претседател на Казахстан и пет пати е избран да ја врши оваа функција, без оглед на тоа што е оптужен за кршење на човековит еправа, органичување на плитичката слобода и слободата на говор, корупцијата и насилството врз жените.
Ри Сол Чу (Ri Sol-ju), сопруга на претседателот на Северна Кореја Ким Џонг Ун
Ри Сол Чу, која ја нарекуваат „севернокорејската Кеј Мидлтон“, дури неодамна е „октриена“ како претседателска жена, додека претходно само стоеше покрај него на фотографиите, без потврда. За неа се знае само дека има околу 30 години дека потрекнува од добростоечко севернокорејско семејство. Сепак, се зборува дека има домашно порно видео и дека претходно живеела промискуитетен живот.
Ким Џон Ун nа власт доаѓа какo диктатор кога земјата беше во најголемата криза, во сиромаштија и глад. Сепак, тој денес живее раскошно. Откако дојде на власт смени неколку воени лидерi и други службеници кои служене на енговиот татко за да докаже дека е доволно сигурен владетел и дека самиот себе може да си избер еблиски соработници.
Над 30 жени на кралот на Саудиска Арабија, Абдулах ибн Абдулазиз ел Сауд (Abdullah bin Abdulaziz Al Saud)
Кралот Абдулах имал над 30 жени во текот на својот живот, но многу малку се знае за нив лично. Бракот и потомството се користени за зацврстување на постоечките сојузи. Неговиот татко, кралот АБд ал Азиз се оженил со ќерката на секој племенски поглавар во кралството.
Кралот Абдулах има 35 деца. Неговите жени одиграле важна улога во политиката на оваа земја. Во куќата, зад затворени врати, тие се консултираат со него, а тој слуша што има да кажат.
Династијата Сауд со оваа земја владее од 1932 годиа, а кралот Абдулах на престол доаѓа во 2005 година, кога го наследува својот брат.
Асма ал Асад, сопруга на сирискиот претседател Башар ал Асад
Асма е убавица меѓу првите дами, а покажа голема лојалност и приврзаност кон својот сопруг по избувнување на крвавата војна во Сирија. Тие двајцата се запознале во Лондон, каде Асма, која инаку е британска државјанка, работела во банкарскиот гиганнт J.P. Morgan, а Башар бил ан студии по офтамологија. Се венчале набргу откако башар доаѓа на власт во 2000 година.
Мајка е на три деца која е препознатлива по својата хуманитарна арбота, но и убавината и модниот вкус, па дури има завршено и на насловната страница на магазинот Вог.
Нејзиниот сопруг, Башар ал Асад е трн во око на западот, а ужива подршка од страна на Русија. На чело на државата доаѓа во 2000, по смртна на неговиот татко Хафез.
Татјана Каримова (Tatyana Karimova), сопруга на узбекистанскиот претседател Ислам Каримов.
Татјана Каримова е дипломиран економист, а се занимава со хуманитарна дејност. Кај узбекистанскиот прв пар наводно не цветаат розите. Според пишувањето на британските медиуми, тие двајцата се раздвоени веќе некое време. Најстара ќерка ја оптужила Татјана за „вештечарење“, а односите во семејството се далеку од хармонични.
Ислам Каримов е на власт од 1989 година, кога на чело доаѓа како лидер на тогашната Комунистичка партија на Узбекистан, тогаш дело на СССР. Опозицијата го обвинува за репресија, но тој за тоа, како и на многу државници како него, воопшето не му е грижа.
Силија Флорес (Cilia Flores), сопруга на венецуелскиот претседател Николас Мадуро (Nicolás Maduro)
Силија и Николас се знапознале пред 19 години, а ги споил покојниот претседател Уго Чавес. Мадуро бил телохранител на Чавес, а Силија го предводила адвокатскиот тим на тогашниот претседател на Венецуела, кој го баренл и одбранувал на судот по неуспешниот обид за пуч.
Флоресова има прекар „првата жена борец“, кој и го дал Марудо. Таа е првата жена што ја обавува функцијата претседател на Народното собрание на Венецуела. Воедно е и државен обвинител.
Мадуро доаѓа на власт во 2013 година, кога е постојана мета на западот, каок и неговиот претходник Уго Чавес. Венецуела е под санкции од страна на САД, а Мадуро неодамна нареди апсење на 100 тајкунски бизмисмени кои и „наштетиле“ на држава, што народот го дочекал со воодушевување.
Грејс Мугабе (Grace Mugabe), сопруга на претседателот на Зимбабвме Роберт Мугабе
Грејс од својот сопруг е помлада 41 година, а најпрвин била негова секретарка. Љубовната врска ја започнале пред осумдесетитте години, а две од нивните три деца се родени додека Мугабе се уште бил во брак со сега покојната сопруга.
Грејс ја уптужуваат дека троши државни пари за купување на екстравагантни модни колекции, а противниците ја нарекуваат Disgrace (срамота). Таа себе се нарекува „мајка на нацијата“.
Викиликс во 2008 година отрки дека поранешниот амбасадор на САД во Зимбабве го обвинил семејството Мугабе за присвојување на огромни пари од полиња со дијаманти на истокот од земјата.
Робер Мугабе има 91 година, со земјата владее од 1980 година, а многумина го оптужуваат за репресивно владеење и непочитување на правата на хомосексуалците.