Жената на фудбалерот за која зборува целиот свет: Животот и го претворил во бајка, а таа го изневерувала со најдобриот пријател

Сподели со своите пријатели

Ванда Нара (34) дефинитивно е сопруга на фудбалерот за кој најмногу се зборува и се пишува во изминатите години. Дури и оние кои не се склони кон озборувања не можат да одолеат да ги коментираат потезите на жената која честопати се нарекува најмоќна во италијанскиот и, воопшто, европскиот фудбал, пишува Glossy.rs

Loading...

Згодната аргентинска убавица ја започнала својата кариера во театарот, но нејзината прва работа ја прекинал скандал: обвинила колега и сопруга дека ја злоставувале. Потоа, во 2011 година, таа се прослави со учество на телевизиски натпревар за танцување, кој го напушти со цел да му се придружи на нејзиниот сопруг Макси Лопез (35) во Италија.

 

 

Нејзиниот сонародник Лопез во тоа време играше за Катанија, а парот уживаше во љубов и семејна среќа со своите три сина: Валентин Гастон, Константин и Бенедикт. Меѓутоа, токму кога сè изгледало идеално и како нивната европска бајка никогаш да не завршува, на среќата и дошол крајот: парот се разведе во 2013 година, а светската јавност вриеше од прељубата на Ванда. Имено, медиумите открија дека русокосата убавица е во паралелна врска со колегата на Макси од националниот тим и неговиот пријател Мауро Икарди (28).

Како што објаснил самиот Мауро во својата книга, Ванда прва контактирала со него додека таа сè уште била во брак со Макси Лопез.

 

Loading...

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Maxi Lopez (@officialmaxilopez)

– Ден пред да заминам на пријателска турнеја во САД, добив порака од Ванда. Бев изненаден затоа што обично разговарав со Макси, а не со неа. Таа ме праша дали можам да и купам iPad во Америка затоа што сè уште не може да се набави во Италија. Тоа ме натера да размислувам. Дали Ванда навистина сакаше таблет или само бараше изговор да стапи во контакт со мене? – напиша Мауро.

– Кога се вратив во Милано, една од првите работи што ги направив е да ја повикам Ванда. Бидејќи морав да и дадам iPad, тоа беше совршен изговор. Се допишувавме многу, и во тоа време почнавме да зборуваме за нас многу послободно. Таа ми напиша: „Мауро, ние одиме на Еолските Острови со Гонзало Бегресио и неговата сопруга. Зошто не доаѓаш со нас?” – открива Икарди.

– Секако дека сакав. Додека бев сам на вториот кат од бродот, лежев на каучот и слушав реге, Ванда се појави од никаде и седна до мене, без никаков срам. Во тоа време, нејзината врска со Макси Лопез беше при крај.

 

 

Loading...

Откако заврши нивниот брак, Ванда Нара го обвинила Макси за прељуба, тој ја обвини неа, а судот пресуди во корист на Ванда. Таа многу брзо после тоа влезе во врска со Мауро Икарди, а во Италија сè уште е прераскажувана средбата на двајцата фудбалери во април 2014 година, кога тие застанаа еден до друг на натпреварот помеѓу Сампдорија и Интер. Лопез одбил да се ракува со Мауро и сите се пошегуваа на овој натпревар како на дербито на Ванда.

Следниот месец, русокосата убавица и младиот фудбалер се венчаа, а во следните години тие добија две ќерки – Франческа и Изабела.

Тоа, сепак, не е крај на тоа. Имено, Ванда ја држи и кариерата на Мауро во рака.

Популарната убавица наскоро станала агент на Мауро, и се договори нејзиниот сопруг да биде префрлен во Пари Сен Жермен, за што многумина ја фалат.

 

 

– Имав понуди да застапувам други фудбалери, претежно пријатели на мојот сопруг, но не можам затоа што е тешко да се грижам само за кариерата на Мауро и тоа го правам од љубов – истакна неодамна таа.

Loading...

Сепак, во периодот позади нас, не беше сè толку добро: Аргентинецот имаше сложени односи со управата на Интер, неговиот фудбалски клуб, тој беше на клупата, а потоа го исфрлија од тимот, го испратија дома од тренинг кампот, тој го загуби статусот на капитен. ..

Многу обожаватели сметаа дека сето тоа се случува под влијанието на Ванда Нара. Имено, таа побарала да се дуплираат приходите на фудбалерот, што клубот го одби.

 

 

Парот, сепак, не се грижи за коментари или осудувања и ужива во љубовта, а Ванда признава дека, иако преселбата во Париз е одличен деловен потег за Мауро, овој трансфер не и е најповолен.

Loading...

– Мауро зеде мал куфер и остатокот го остави на мене. Нашите деца одат на училиште во Италија, па сега ќе живееме меѓу Милано и Париз. Од сите три опции што ги имавме, ПСЖ беше најлошата за мене, затоа што морам да останам во Милано со децата. Сепак, размислувавме што е најдобро за него, имаше понуди од Италија и тоа сигурно ќе ми беше полесно, но … – искрена е убавица.

 

Leave a Reply