Жена загина во пожар во Матејче

Сподели со своите пријатели

Осумдесет и тригодишна жителка на липковското село Матејче загинал во пожар кој избувнал во неговата соба.

Loading...

– На 13.12.2023 во 21.25 часот во СВР Куманово, од Итна медицинска помош Липково било пријавено дека во село Матејче била констатирана смрт кај Н.М.(83) од село Липково како последица од пожар, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Според пријавеното, пожарот настанал во собата во која што била Н.М., кој потоа бил изгаснат од членови на семејството.

Лекар од Итната помош констатирал смрт без траги на насилство, а увид извршила екипа на СВР Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  УХМР најавува студен бран и пообилни врнежи од дожд и снег

По наредба на јавен обвинител, телото на починатата било предадено на семејството.

Никола Ивановски