Една жена ги воодушеви социјалните мрежи откако на Фејсбук сподели едноставен трик за чистење на валканите седишта во автомобилот за само 15 минути со користење – пена за бричење и стари четки за заби.
Џоан Данстон (57) од Ворингтон, го испробала советот откако ги открила на интернет, пишува Дејли мејл. Решила да го испроба на своите валкани седишта кои биле извалкани од дожд, истурена вода и прашина.
Основниот трик вклучуваше нанесување пена за бричење директно на седиштето, триење со раце, нежно триење со стара четка за заби и оставање 15 минути. Џоан потоа употреби топла вода и чиста крпа од микрофибер за да ја отстрани пената. Неверојатно, валканите седишта се трансформираа и повторно изгледаа како нови.
“Се шокирав да бидам искрена, испадна неверојатно. Ставив пена за бричење на возачкото и совозачкото седиште, прво ја триев со раката за целосно да ги покријам седиштата. Потоа отидов да земам стара четка за заби и нежно го четкав седиштето, ефикасно триејќи ја пената во седиштата. Потоа ги оставив 15 минути и само ја избришав пената од седиштата со топла вода и крпа од микрофибер“, објасни таа.
Џоан го сподели трикот на Фејсбук, а нејзината објава брзо стана вирална и воодушеви многу корисници. “Многу импресивно! Морам да го пробам ова на моите одвратни седишта”, откри еден корисник, додека друг додаде: “Одличен совет, особено за мајките со мали деца”.