Жена во Тексас се обидела да удави дете бидејќи било од муслиманско семејство

Сподели со своите пријатели

Жена од Тексас е обвинета за обид за убиство и повреда на дете, откако наводно се обидела да удави тригодишно дете во базен во станбен комплекс додека давала расистички изјави, соопшти полицијата.

Loading...

Локалниот огранок на Советот за американско-исламски односи соопшти дека детето е на семејство од Палестина и ги повика надлежните органи да го истражат инцидентот бидејќи можно е да се работи за злосторство од омраза.

Полицијата на 19 мај добила дојава за конфликт меѓу две жени на базенот на станбениот комплекс.

Очевидци ѝ кажале на полицијата дека пијаната Елизабет Волф (42) се обидела да го удави малото девојче и се расправала со мајката на детето, пренесува CNN, пренесува Индекс.

Мајката во полиција изјавила дека Волф ја прашал од каде е и дали двете деца кои си играле во базенот се нејзини.

Советот наведува дека мајката на детето носела хиџаб, односно исламска марама и покривен костим за капење на базенот.

Според полицијата, Волф почнала да ѝ кажува на жената дека не е Американка, а потоа го грабнала нејзиниот шестгодишен син.

Откако момчето успеало да се ослободи, Волф ја грабнала тригодишната ќерка и ја удавила.

Loading...

Мајката на крајот успеала да ја извлече својата ќерка од водата, по што девојчето ја искашлало водата.

„Ние сме американски државјани, по потекло од Палестина и не знам каде би отишла без да се чувствувам безбедна со моите деца. Во мојата земја има војна и тука се соочуваме со омраза. Мојата ќерка е трауматизирана. Секогаш кога ќе ја отворам вратата од станот, таа бега и се крие, се плаши да не дојде госпоѓата повторно и да ја удави“, ја цитира советот мајката.

Пратеникот од Тексас, Салман Бојани, рече дека е шокиран и ужаснат од наводниот расистички и исламофобичен инцидент.

„Нема место за омраза ниту во Ојлес, ниту каде било во нашата земја“, рече тој и се заблагодари на полицијата за брзото апсење.