Фатима Мадригал од Калифорнија родила близнаци со разлика од 15 минути. Првото бебе е родено на 31 декември 2021 година во 23:45 часот, а второто само 15 минути подоцна, на 1 јануари 2022 година.
Близнаците се родени во Медицинскиот центар Навидад во Калифорнија.
„Ајлин Јоланда Трухило е првото бебе родено во 2022 година во Салинас. Нејзиниот брат близнак Алфредо Антонио Трухило е роден 15 минути порано, во 23:45 часот на 31 декември. Тоа значи дека нивните родендени паѓаат во различни денови, месеци и години – шанси се 1 на 2 милиони“, се вели на Твитер профилот на болницата.
Во изјава за магазинот People, Мадригал рече: „Лудо е што се близнаци и имаат различни родендени. Изненаден сум и среќен“.
Докторот др. Ана Абрил Аријас рече дека ова е еден од најнезаборавните моменти во нејзината кариера.
Сличен случај се случи во Индијана кога една жена го роди своето прво дете со разлика од 30 минути на 31 декември 2019 година, а второто на 1 јануари 2020 година.
At midnight, Natividad welcomed Aylin Yolanda Trujillo as the area’s first baby of 2022! Her twin, Alfredo Antonio Trujillo, was born 15 minutes earlier at 11:45 pm Friday, Dec. 31, meaning their birthday falls on a different day, month and year— a 1 in 2 million chance! pic.twitter.com/Lm5hkOpNBo
— Natividad (@NMCInspires) January 2, 2022