Една од најчудните потери кои се случиле во Лос Анџелес. Непозната жена украла кампер и го возела своите две кучиња.
Откако сопствениците го пријавиле исчезнувањето на своето возило, полицијата бргу го идентификувала и по доаѓањето на местото каде било паркирано започнува вистинска филмска потера.
Бегајќи пред полицијата се забила со камперот во стебло, при што испаднало ветробранското стакло, но и половина од бочната страна. Тоа не ја спречило во возењето, па продолжила да бега.
Едно од кучињата скокнало од камперот, а другото останало со својата сопственичка. За време на бегството скршила седум автомобили и потоа останала без системот за управување, се забила во паркирано возило, но и тука не е крајот на приказната.
Бегањето го продолжила со трчање, но вештите полицајци многу бргу ја стигнале и собориле на земја, пренесува cdm.me.
Видеото прикажува како кучето кое останало со неа до крајот верно седи покрај неа и откако претрпело толкави стравови. Завршила во болница со уште двајца луѓе во чии автомобили удрила бегајќи.
Кучињата биле пренесени во ветеринарна станица. За среќа никојга не е потешко повреден.
Против жената ќе биде поведена судска постпка за повеќе кривични дела, вклучително и бегање од органите на власта.
Покрај тоа, полицијата истовремено истражува дали била под дејство на забранети супстанци. За судењето на слобода ќе мора да плати кауција која изнесува 100.000 долари.
Фото: Twitter/BBC NEWS