Објавена е снимка од кавга во авион Џет2, по што авионот на релација од Манчестер до Анталија морал да слета во Виена за да излезе жената која не можела да се контролира за време на летот, пишува Дејли мејл.
Во еден момент жената станала груба кон стјуардесите поради плачењето на бебињата на летот, па дури и им удирала шамар на другите патници, изјавил еден од сведоците на настанот.
„Се слушна врева, а потоа жената дојде до предниот дел на авионот. Беше лута на кабинскиот екипаж на Џет2 и не сакаше да се смири. Беше погласна и поагресивна, им се внесуваше во лицата на луѓето и викаше, – рече сведокот и додаде дека жената правела проблеми и на аеродромот и пред да се качи.
„Некои рекоа дека таа е таква поради плачењето на бебињата во авионот. Еден патник кажал нешто, а потоа му удрила шлаканица. Човекот станал од своето место и се обидел да ја смири пред да ја однесе до задниот дел од авионот”, рекол сведокот.
Тогаш кабинскиот екипаж решил принудно да слета во Виена.
Жената наводно удрила друг патник додека излегувала од авионот. На крајот летот за Анталија доцнел час и 15 минути, а компанијата поради тоа им се извини на патниците.