Жена се заканувала на судијката во случајот Трамп: Ќе те убиеме ако не биде реизбран

Сподели со своите пријатели

Жена од Тексас му се заканила на окружниот судија задолжен за надзор на еден од случаите на поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

Loading...

Според судските документи за јужниот округ на Тексас, Абигејл Џо Шрај од Алвин ѝ се заканувала на судијата Чуткан преку говорна пошта на 5 август.

Таа рекла дека ќе ги убие судијката Тања Чуткан и демократската конгресменка Шила Џексон Ли.

Таа исто така изјавила дека ќе убие секој друг „кој го таргетирал поранешниот претседател Трамп“, пренесува CBS.

„Еј, глупава црнкињо! Ти си на наш нишан, сакаме да те убиеме. Сакаме да ја убиеме и Шила Џексон Ли”, рекла Абигејл Џо Шри на нејзината говорна пошта.

„Ќе те убиеме ако Трамп не биде избран во 2024 година, внимавај кучко“

Чуткан е федерален судија кој го надгледува федералниот кривичен случај во Вашингтон кој го обвинува Трамп за заговор да ги поништи резултатите од изборите во 2020 година.

„Ако Трамп не биде избран во 2024 година, доаѓаме да те убиеме, затоа внимавај, кучко“, рекла жената во говорната пошта.

Таа, исто така, се заканила дека ќе ги убие сите демократи во Вашингтон и сите членови на ЛГБТК заедницата.

Loading...

Кога ја испрашуваа федералните истражители на 8 август, Шри признала дека повиците доаѓале од нејзиниот телефон и дека таа всушност се јавила во канцеларијата на судијата Чуткан.

„Вие лично ќе бидете мета, но и вашето семејство“, се заканила Шри.

Според судските документи, таа им рекла на специјалните агенти дека не планира да патува во Вашингтон и Хјустон за да го спроведе она што го кажала.

На 11 август, Шри беше обвинета за заканување.