Жена се породила на лет за Амстердам, не знаела дека е бремена

Сподели со своите пријатели

Млада жена неочекувано родила дете додека била на летот на KLM од Еквадор до Амстердам минатата недела, објави холандската болница која го примила патникот.

Loading...

Неколку часа пред слетувањето во средата, жената почувствувала болка во стомакот и отишла во тоалет.

Таму, по неколку кратки контракции, родила син, соопштија од болницата Спарнсе Гастхуис, додавајќи дека жената тврди дека воопшто не знаела дека е бремена.

Во авионот имало двајца лекари и медицинска сестра од Австрија кои пружиле помош.

Како што соопштија од болницата, мајката на својот син му го дала името по едно од лицата кои дошле на помош Максимилијан.

Мајката била пренесена во болница по слетувањето на аеродромот Шипхол. И мајката и синот се добро, известија од болницата.

Жената ќе го продолжила патувањето до Мадрид, како што првично планирала, откако болницата и ја доставила потребната документација за детето.