Седумдесет и осумгодишна жена била пронајдена почината во својот дом во селото Челопек, во општината Старо Нагоричане.
– На 12.02.2026 во 10:20 часот во СВР Куманово било пријавено дека во домот во село Челопек, општина Старо Нагоричане, била пронајдена почината М.С.(78), информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, увид извршила екипа од СВР Куманово, а по насока на јавен обвинител телото на починатата било дадено на Институт за судска медицина за обдукција.
Никола Ивановски

