„Жена без лице“ – најмистериозниот убиец во Европа

Сподели со своите пријатели

Фантом од Хајлброн, познат и како „Жена без лице“ била сериски убиец која 16 години во период измеѓу 1993 година до 2009 година, вешто го избегнувала апсењето иако ја барале сите европски поцајци, бидејќи убивала ширум стариот континент.

Единствена работа која за неа ја знаеле е нејзината ДНК која била пронајдена на 30 места на залосторот, од убиства до кражби.

Се започнало на 25 мај 1993 година кога во германскиот град Идар-Оберштајн, на местото на убиство на 62-годишна жена била пронајдена ДНК. Потоа истата била пронајдена на место на убиство на 61-годишен маж во Фрајбург во март 2001 година, па на хероинска игла во шума во Геролштајн, на остаток од кекс во камп приколка во Буденхајм, на пиштол играшка во Арбои, Франција.

Во период од 2003 до 2007 година, нејзината ДНК била отриена на места на кражби на автомобили и мотоцикли во Хесе, Баден-Виртемберг и Сарланда во Германија, како и Тиролу и Горна Австрија во Австрија.

Нејзината ДНК била пронајдена на камен кој бил искористен за кршење прозорци во една куќа во Сарбикен во 2006 година, па на место на убиство на полицајката Мишел Кисветер во хајброн, на место на кражба во една работилница во Горна Австрија, во автомобил кој бил користен за транспорт на лешеви на тројца Грузијци убиени на 30 јануари 2008 година во Хепенхајм.

ДНК од истата личност била пронајдена во ноќа на 22 март 2008 година во некористен јавен базен во Нидерштетен, во април по пет кражби во приватни домови, по кражба на жена во мај во клуб во мехлаха, па во атомобил ан помошна медицинска сестра која била пронајдена мртва кон крајот на октомври истата година во Вајнсберг.

Истрагата траела долго, долго тапкала во место, а наградата за информација која би довела до нејзино приведување во еден момент била зголемена на 300.000 евра.

Foto-Ilustracija: Profimedia

Истражувањата во Австрија покажале дека ДНК припаѓа на жена од Источна Европа, иако Германците не дошле до тој заклучок затоа што им било забрането да анализираат ДНК за да покаже нечии лични карактеристики, освен полот.

 

Loading...

Што всушност се испоставило на крајот?

Памучните стапчиња кои полицијата од различни држави ги користеле биле контаминирани во една фабрика која вработувала неколку Источноевропјанки чии ДНК се поклопувале со оние пронајдени на местата на злочините.

Баварија, која се наоѓала во центарот на сите наведени злочини, стапчињата ги набавувала од друга фабрика. Тие никогаш немале проблем со Фантомот од Хајброн.