Жбогар ја прими наградата почесен граѓанин на Општина Куманово (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Амбасадорот на Европската унија Самуел Жбогар денеска и официјално го прими признанието почесен граѓанин на Општина Куманово кое се доделува по повод Денот на ослободувањето на градот „11 Ноември“.

Жбогар оваа признание го добива поради својата поддршка преку реализација на повеќе инфраструктурни проекти, значајни за подобрување на квалитетот на животот на кумановци, но и неговата поддршка за унапредување на демократските процеси во градот Куманово.

Меѓу проектите кои се подржани со средства од ЕУ и со поддршка на амбасадорот е и изградбата и реконструкцијата на канализациската мрежа во Куманово, како и повеќе инфраструктурни проекти, реконструкции на училишта во Куманово.

 

Loading...

 

Жбогар на денешната свечена седница на Советот на Општина Куманово се обрати на македонски јазик при што истакна дека за некој што потекнува од Словенија и е израснат во земја во која сите биле еднакви, има мисија да работи за денот кога сите ќе бидат повторно едно, но овој пат во рамките на Европската унија.

– Како претставник на ЕУ ја примам оваа награда во име на институциите на Европската унија и на целото европско семејство. Обновената поддршка која ја ужива земјата се споделува еднакво меѓу сите земји членки. Нашата заедничка цел е да им помагаме на земјата, да напредува и да ги подобри вашите животи. Ја примам оваа награда во знак на посветеноста на граѓаните на Куманово кон се што Европската унија претставува и се залага, рече Жбогар во своето свечено обраќање.

Досега вакво признание имаат добиено Луиза Винтон, постојан претставник на УНДП и амбасадор на ООН, како и Лоренс Батлер поранешен американски амбасадор во земјава.

Leave a Reply