Жалфија уште од дамнешни времиња се користела за лечење на скоро секоја болест. Модерната наука докажала дека жалфија има антибактериско и антигабично дејство.
Смирува, освежува и закрепнува, помага против болки и висока температура, може да го намали нивото на глукоза во крвта што го прави корисен и кај дијабетичарите.
Неодамна се покажало дека жалфијата го подобрува памтењето и делува против Алцхајмеровата болест. Праксата докажа дека одлично ја прочистува крвта и еднакво добро помага кај исфрлување на слузот од организмот. Поволно дејствува на циркулацијата, но и против крварење и воспаление. Поради силното антисептичко дејство се користи за лекување на афти, непријатен здив, проблеми со грлото и крајниците, кариес и загноени десни. Ако имате такви проблеми правете гаргара од жалфија.
Жалфијата делува против зачестаните повраќања и дијареја, а подобро отколку било кое друго растение помага при работата на цревата и желудникот. Поволно делува и на женските мачнини. Го подбрува тонусот на материцата, длеува антигабично, помага кај релугирање на менструацијата, ја успорува хормонската рамнотежа и спречува тегоби при менопаузата. алфијата помага и во работата на бубрезите и спречува настанување на едем.