Зголемено нивото на Глажња, Куманово ќе има вода и во следното лето

Сподели со своите пријатели

Акумулацијата Глажња од која Куманово се снабдува со вода за пиење, бележи зголемено ниво на вода по обилните врнежи од дожд во изминатиот месец.

Состојбата со водоснабдувањето на градот Куманово во моментов е стабилна и сигурна, информираше раководителот на Водостопанство „Кумановско – липковско поле“, Дарко Живковски.

– Врнежливиот период во изминатото донесе доток и пораст на водостојот на реките од кои се полни Глажња, моментално има 10 милиони метри кубни вода во акумулацијата, што е доволно за цела година снабдување на градот Куманово“, изјави Живковски.

Тој посочи дека се очекува и дополнителен доток во наредниот период, со надеж дека браната ќе дојде до прелевање, а со тоа и сигурно водоснабдување.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  КБК „Предатор“ од Куманово со 9 медали од меѓународниот турнир во Ниш

Како што наведе Живковски, не постои ризик од недостиг на вода во текот на летните месеци следната година.

И покрај исклучително сушниот период, според раководителот, успешно било реализирано и наводнувањето на земјоделските површини.

– Имавме наводнување во овој исклучителен и сушен период кој беше, благодарение на вработените кои дадоа максимум секоја капка да биде сочувана и исто така благодарност за разбирање од земјоделците кои кога имавме период не рестрикции дел од нив почитуваа, рече тој, додавајќи дека за оние кои не ја почитувале забраната биле поднесени пријави до надлежните институции.

Во однос на Липковската брана, тој појасни дека таа директно зависи од нивото на водата во Глажња и дека во моментов има околу еден милион кубни метри вода.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Брендирана стока и рачен алат запленети на автопатот Табановце – Куманово (ФОТО)

Како што наведе, просечната месечна потрошувачка на вода изнесува од 600 до 700 илјади метри кубни вода месечно, додека во зимскиот период таа е значително пониска и се движи околу 450 илјади метри кубни.

Никола Ивановски