Министерството за здравство на Австрија им нареди на надлежните органи да ја зајакнат контролата за усогласеност со корона мерките во угостителските објекти.
Имено, кој сака да ги користи услугите на угостителските објекти мора да има потврда за вакцинација, потврда за прележан ковид-19 или негативен тест, а во ноќната гастрономија потврда за вакцинација или негативен тест.
Сопствениците на рестораните се должни да ги бараат овие документи од сите гости, но бидејќи тоа не било секогаш во последно време, Министерството и наложило на полицијата да изврши засилени контроли.
„На некои места контролата не се спроведува како што треба во моментот“, рече министерот за здравство, Волфганг Микштајн, додавајќи дека на полицијата и е наредено да се фокусира на рестораните.
„Целта е локалите да останат отворени, а ние да можеме добро да влеземе во есента“, додаде тој.
Само доследното придржување кон мерките и контролите може да помогне да се одржи под контрола бројот на инфекции, убеден е Микштајн.

