Палестинското Министерство за надворешни работи и исламистичката група Хамас различно реагираа на усвојувањето на резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации за испорака на поголема хуманитарна помош за Појасот Газа.
Палестинското Министерство за надворешни работи ја опиша резолуцијата како „чекор во вистинската насока“ и рече дека ќе помогне „да се стави крај на агресијата, да се обезбеди пристигнување помош и да се заштити палестинскиот народ“.
„Сметаме дека тоа е чекор кој може да придонесе за ублажување на страдањата на нашиот народ во Појасот Газа“, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи.
Беше усвоена резолуција подготвена од Обединетите Арапски Емирати
Но, Хамас, милитантите кои владеат со Газа, ја гледаат резолуцијата како „недоволен чекор“ за да се задоволат потребите на сиромашната енклава.
„Американската администрација работеше напорно во изминатите пет дена за да ја отстрани суштината на оваа резолуција и да ја има во оваа слаба формулација…Таа пркоси на волјата на меѓународната заедница и на Генералното собрание на Обединетите нации да ја запрат израелската агресија врз нашиот беспомошен палестински народ“, рече Хамас.
Претходно, среде глобалниот гнев поради зголемениот број на жртви во Газа во 11-неделната војна меѓу Израел и Хамас и влошената хуманитарна криза во палестинската енклава, САД се воздржаа, дозволувајќи му на 15-члениот Совет за безбедност да усвои резолуција подготвена од Обединетите Арапски Емирати..