Полициските службеници при Секторот за внатрешни работи Куманово во текот на изминатата година заплениле вкупно 1,8 килограми марихуана, 94,8 грама кокаин и 13,8 грама хероин, информираше Игор Митевски, началник на Полициска станица од општа надлежност на денешната 24. седница на Советот на Општина Куманово.
Според Митевски, зголемената бројка на кривични пријави значи дека е зголемена оперативната работа на полициските службеници.
– Во криминалистичка наука постои термин темна бројка, кривични дела кои постојат и не се пријавени и откирнеи. Ова е констатација на таа бројка, резултат на зголемени кривични дела е зголемена оперативна работа на полициските службеници. Ова е покзател дека се работи добро, рече Митевски.
На подрачјето на Општина Куманово се бележи зголемување на криминалитетот за 20 отсто споредбено со 2017 година, додека вкупната реализација на кривичните дела исто така бележи зголемување од 58,3 на 66,6 проценти. Вкупно минатата година, како што прочита советникот Драган Петковски, биле регистрирани 1.404 кривични дела, споредбено со 2017 кога таа бројка изнесувала 1.170.
– Според мене сериозен проблем, бидејќи граѓаните не ги интересира колку е направена реализација на кривични дела туку колку кривични дела се направени. Без разлика и 100 отсто да е реализација, ако двојно се зголеми бројот на кривични дела тие се веќе направени, зголемена реализација ама и зголемени кривични дела, што повеќе ги фаќаме сторителите повеќе се зголемува нивниот број. Мислам дека треба нешто повеќе да се направи за превенција за да се спречат сотирелите уште пред да ги направат тие дела. Добро е да ги фатиме кгоа се направени, но уште подобро да ги спречиме да не ги направат, рече Петковски.

Во областа на економскиот криминалитет има значително зголемување, односно од 20 дела во 2017 година, на 150 минатата година, рече советникот Миле Андоновски.
Зголемениот број на кривични дела е резултат на зголемување кај економскиот криминал, нешто што не го пријавуваат граѓаните туку го открива полицијата, вели командирот Митевски. Како што додаде, тука станува збор за кривични дела кои веќе навлегуваат во областа на корупцијата, бидјеќи претежно се за злоупотреба на сложбена положба и овластува од јавни службеници.
– Тоа се дела сторени во период од пред две-три години, станува збор за злоупотреба на службена положаба и овластување, вршење јавен транспорт без поседување лиценца, бесправно градење, узурпација на недвижен имот и несовесно работење на служба, дела кои ги вршеле јавни службеници во претходните години, а со оперативното работење на полициските службеници се откриени, не се сега сторени, работеле полициските службеници, а овие кривични дела ги вршат јавни службеници тие задираат во областа на корупција, рече Митевски.
Минатата година во координација со Управата за јавни приходи и Државниот пазарен инспекторат, кумановската полиција спровела акции во шест угостителски објекти, за кои постоеле сознанија дека ги посетуваат малолетни лица. Притоа, како што рече Митевски, поднесени се и низа кривични пријави.
– Во тие конторли се преземени низа мерки, шест прекршочни пријави, согласно член 21 од Закон за прекршоци против јавен ред и мир, на оној кој овозможува присуство на малолетни лица во угостителски овјекти или простории за забава по 24 ќе му се изрече глоба, а поднесени се три кривични пријави за тие објекти согласно за точење алкохол на малолетници и во тој поглед се преземаат опсежни мерки, потенцираше командирот.

Безбедноста на подрачјето на Општина Куманово, според командирот на Полициската станица е поволна и граѓаните може да се чувствуваат безбедни.
фото: архива

