Сезонскиот грип почна да зема замав. Амбулантите се полни со пациенти а гужва има и на Клиниката за Инфективни болести. Од почетокот на сезоната досега во Институтот за јавно здравје регистрирале 1250 заболени. Изминатата недела лабораториски е потврдено дека во земјата циркулира АХ3Н2. На удар е школската популација и децата во градинките. Епидемиолозите не очекуваат драстично зголемување на бројот на заболени.
Веќе сме во сезоната кога може да се каже дека има заболени. Но ако направиме споредба со минатата година, но и тие претходно, мислам дека ќе имаме нормална сезона без некои отскокнувања. почнавме со поголем број, но потоа има смирување на бројот на заболени, вели Гордана Кузмановска, од Институтот за јавно здравје.