Зголемен бројот на работниците во индустријата

Сподели со своите пријатели

Бројот на работниците во индустријата во октомври 2017 година во однос на октомври 2016 година е зголемен за 4,4 отсто, додека во периодот јануари – октомври 2017 година, во однос на јануари – октомври 2016 година бележи раст од 1,8 проценти, соопшти Државниот завод за статистика.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење камен во октомври 2017 година во однос на октомври 2016 година бележи опаѓање од еден отсто, во секторот Преработувачка индустрија пораст од пет, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација зголемување за 1,1 процент.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во октомври 2017 година во однос на октомври 2016 година бележи пораст кај Енергија за 0,3 отсто, Интермедијарни производи, освен енергија за 12,8, Капитални производи за 16,8 и Tрајни производи за широка потрошувачка за 1,4 отсто, додека опаѓање бележи кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2,3 проценти. 

Извор: МИА