Зголемен број повици во кумановската Итна помош

Сподели со своите пријатели

Итната медицинска помош (ИМП) во Куманово деновиве регистрира зголемен број повици за десет проценти во однос на вообичаениот, кој дневно се движи околу триесеттина.

Loading...

Жителите, како што информираат лекарите од ИМП во Куманово, најчесто се жалат на главоболки, вртоглавици, малаксаност, а хронично болните на висок крвен притисок и проблеми со дишењето, што е последица на невообичаено високите температури за овој период од годината, променливото и врнежливо време.

– Хронично болните лица, заболените од астма и од кардиоваскуларни заболувања треба редовно без исклучок да ја примаат пропишаната терапија од матичните лекари. Тие кои имаат проблеми со дишењето да избегнуваат излегување надвор и почесто да одмораат, вели доктор Снежана Јовановска од Итната медицинска помош во Куманово.

Таа посочи дека вработените, пак, во овој период на променливо време треба да внимаваат на исхраната, да внесуваат течности и да консумираат овошје и зеленчук.

Од Итната медицинска помош во Куманово истакнуваат дека успеваат да пружат помош на сите пациенти и покрај благото зголемување на бројот на повици, регистрирано последниве денови.

Leave a Reply