Зголемен број на барања за прием на корисници бележи кумановскиот дом за стари лица

Сподели со своите пријатели

Зголемен број на барања за прием на нови корисници, изминатив период, регистрира јавната општинска установа Дом за стари лица „Зафир Сајто“ Куманово, информираа денеска надлежните од установата. Оттаму замолуваат за разбирање и велат дека комисијата за прием од домот секоја недела одлучува по однос на барањата.

– Интересот и барањата за прием во јавната општинска установа, Дом за стари лица „Зафир Сајто“ Куманово во овој период од годинава, пред зима секогаш сè поголеми. Установата од март досега работи со намален капацитет согласно одобрениот протокол за прием и работа во услови на Ковид 19. Установата предложи предлог-протокол за работа кој беше одобрен од комисијата за заразни болести, со што беше овозможено нормално работење. Сепак, терминот на нови приеми од март до јули и наближување на зимата го отежнуваат одобрувањето на зголемените барања за прием-изјави директорот на установата Дејан Стојановски.

Тој додава дека Домот за стари лица одамна ги надминал рамките на локална и регионална институција и во пракса сега функционира како институција од национален тип, бидејќи згрижува стари лица од целата држава за месечна сума од 11.800 денари. Ова се должи на сè поголемата потреба од ваков тип сместувачки капацитети во земјава.

– Ги замолуваме сите заинтересирани граѓани за разбирање и трпение во процесот на прием. За реализација на прием во установата потребно е барање за прием може и во електронска форма, [email protected], документ од матичен лекар за општа здравствена состојба на лицето за кого се бара прием, друг документ од здравствена природа. Се трудиме да го задоволиме јавниот интерес со професионална услуга од персоналот и грижа за корисниците, но и со постојано вложување во подобрување на условите за престој во установата-вели Стојановски.

„Зафир Сајто“, располага со 3200 станбена површина и 3000 метри квадратни дворна површина. Надлежните најавија дека во наредниот период дополнително ќе вложуваат во условите за престој.

МИА

Leave a Reply