Згоден криминалец, дел од албанскиот картел, ги полуде жените: Сакаат да го посетат во затвор

Сподели со своите пријатели

Дилерот на дрога од Велика Британија го привлече вниманието не само на полицијата и судовите, туку и на голем број жени.

Loading...

Стивен Пери (29) бил дел од албанска нарко банда која одгледувала канабис во Велика Британија.

За време на полициската рација, дрога од Б-класа вредна повеќе од 580.000 евра е пронајдена во бројни градови, пренесува Мирор.

 

 

По неколкумесечна истрага, полицијата дошла на адреса на бандата предводена од Еги Рафа, која работела со Пери од Дарби.

Пери бил осуден на три години затвор откако се изјасни за виновен за испорака на канабис.

Loading...

Полицијата во Дарбишир објави соопштение на Твитер по апсењето на членовите на бандата и нивните фотографии, вклучувајќи го и Пери.

Иако некои ја пофалија полицијата за брзо решавање на случајот и казнување на осомничените, фотографијата на Пери привлече најголемо внимание.

Корисничките на социјалните мрежи забележаа дека Пери изгледа како модел и се пошегуваа дека ќе го чекаат додека не излезе од затвор.

 

 

 

Соопштението на полицијата привлече големо внимание, но повеќето коментари беа за неговиот изглед.

Loading...

„Како можам да добијам дозвола да го посетам Стивен во затвор?“, „Стивен не направи ништо, јас бев“, „Ако нема место во притвор, Стивен може да биде со мене“, се само некои од коментарите од жени под фотографијата.

Полицијата во соопштението наведува дека „членовите на бандата предводена од Албанија биле осудени откако биле пронајдени стебленца канабис во рации низ целата земја“.

– Службениците ги открија адресите по неколкумесечна истрага за бандата предводена од албанскиот лидер Еги Тафа – напиша полицијата.