Земјотрес со јачина од три степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово во 7 часот и 12 минути во романскиот округ Вранци, соопшти Националниот институт за истражување и развој на физиката на Земјата (ИНЦДФП).
Loading...
Земјотресот е регистриран на длабочина од 113 километри, на 143 километри северно од Букурешт, јави Аџерпрес.
Во Романија во овие неколку денови од јули се регистрирани три земјотреси со јачина од 2,4 до 3,0 степени.