Земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала синоќа ја потресе канадската провинција Алберта, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Loading...
Епицентарот на земјотресот бил на 357 километри северозападно од главниот град на провинцијата Едмонтон, на длабочина од два километри, пренесува Ројтерс.
ЕМСЦ ја намали јачината на земјотресот, откако првично соопшти дека бил со јачина од 5,9 степени.