Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала ја погоди областа Крф во 6 часот и 20 минути по локално време.
Loading...
Земјотресот бил почувствуван се до Албанија.
Според информациите на EMSC, епицентарот на земјотресот бил на 35 километри северозападно од Агиос Георгис и 176 километри јужно од Елбасан во Албанија.
Земјотресот се случил на длабочина од 10 километри и ги разбудил жителите на бројни места во Албанија.
Сведоштвата на жителите на Грција и Албанија опишуваат дека бил силен.