Земјотрес утринава почувствуван во Македонија

Сподели со своите пријатели

Земјотрес со јачина од три степени утринава е почуствуван во Скопје, а епицентарот се наоѓа 20 километри северозападно, односно во Косово.

Loading...

– Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес на 25.12.2023 година во 03 часот и 26 минути, регистрираше земјотрес чиj епицентар се наоѓа во Република Косово, на 20 километри северо-западно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда M L 2.3, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението во околината на градот Скопје, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Повеќе земјотреси во близина на Крит

Никола Ивановски