Земјотрес утринава во 07:20 часот е почуствуван во Скопје и околината, кој според Сеизмолошката опсерваторија на Македонија бил со епицентар во Урошевац.
– Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утрово во 07 часот и 20 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од пограничното епицентрално подрачје Урошевац, на 124 км северно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.3, информираат од Сеизмолошката опсерваторија.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Скопје и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Никола Ивановски

