Силен земјотрес, со магнитуда од 5,1 степен по Рихтер, беше почувствуван во 5:53 часот наутро во Реџо Калабрија, а бројни извештаи пристигнуваат и од Месина и други области на Сицилија и Калабрија, објавува Анса.
Епицентарот, според веб-страницата на италијанскиот Национален институт за геофизика и вулканологија, бил во морето покрај јонскиот брег на длабочина од 65 километри, соопшти агенцијата.
Според веб-страницата на Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC), епицентарот на земјотресот со магнитуда од 5,1 степен бил во Јонското Море, 62 км источно од Реџо Калабрија на длабочина од 58 км.

